Марсеј подобар од Дижон

Во последниот дуел од 31-то коло од фрнцуското фудбалско првенство, Олимпик Марсеј го совлада Дижон со 2:0,.

Головите за домаќините ги постигнаа Леонардо Балерди во 45 и Алваро Гонзалес во 79 минута. Марсеј сега со 48 бодови се искачи на шестото место на табелата, а Дижон е убедливо последен 20-ти со само 15 бодови.

Во претходно одиграниот меч Стразбур на гостувањето го совлада Бордо со 3:2, а гостинска победа оствари и Нива која беше подобра од Нант со 2:1.

Стразбур одлично влезе во дуелот и по само половина час игра имаше водство од 3:0, со головите на Лаине Коне во 6, Хабибу Диало во 21 и Лудовик Ажорке во 30 минута од пенал. Бордо до полувремето успеа да намали на 2:3 со головите на Пол Бејсе во 36 и Кванг Ии-жо во од пенал во втората минута од судиското продолжение, но во продолжувањето повеќе немаше погодоци.

Стразбур сега има 36 бодови и е на 13-то место, и го мина на табелата Бордо со ист број бодови.

До бодовите на гости Ница дојде преку двојниот стрелец Каспер Долбер во 11 минута од пенал и во 29 минута, а во 32 минута намали за домашните Андулеи Туре.

Ница е 10-та на табелата со 42 бодови, а Нант остана претпоследен 19-ти со 28 бодови, четири помалку од местата кои гарантираат опстанок.

На чело на тебелата е Лил со 66 бодови, пред ПСЖ кој има 63 и Монако со 62, а Лион е четврти со 61 бод.