Марсеј ремизираше дома, Рен без пораз се проби на врвот

34

Фудбалерите на Олимпик Марсеј ремизираа на домашен терен со Мец, додека најпријатното изненадување на почетокот од француското провенство Сен Етјен беше убедливо поразен на својот терен од Рен.

Марсеј повторно прикажа променлива игра и дури во судиското продолжение успеа да избегне втор домашен пораз на својот „Велодром“. Мец поведе со голот на Ибраум Ниане во 70 минта а во четири минути по истекот на регуларните 90 израмни Морган Сансон.

Марсеј со осум бодови од пет натрпевари моментално е на шестото место на табелата, а Мец е 15-ти со четири бодови.

Претходно во саботата Сен Етјен со 0:3 дома беше совладан од Рен. Стрелци за гостите беа Најеф Агуер во 33, Серху Гуирасу во 53 и Адриен Уну во 89 минута. За Сен Етјен ова беше првиот пораз сезонава, и моментално остана на третото место со 10 бодови, додека, Рен остана засега единствената екипа заедно со Лил, но има четири победи и едно реми и со 13 бодови е на врвот на табелата.

Лил претходно во петокот со 2:0 извојува домашна победа над Нант. Николас Палоа во 43 минута си постигна автогол, а победата на домашните од пенал ја потврди Бурак Јилмаз во 87 минута. Нант е 14-ти со пет бодови од пет натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.