Марсеј со „шестка“ го потопи Тулуз

На исклучително убедлив начин сезоната во француската Лига 1 ја продолжија во четвртокот фудбалерите на Олимпик Марсеј кои на домашен терен во дуелот од 16-то коло со 6:1 го совлада Тулуз.

Во првото коло Марсеј дојде до сигурно водство од 2:0. Прво во 13 минута стрелец беше Валентен Ронгие, а во 41 минута несреќен автогол постигна Расмус Николаисен. Одбранбениот играч на Тулуз се обиде со глава да ја врати топката на својот голман, но притоа го префрли и ја затресе сопствената мрежа/

Во продолжението прво по одличен дриблинг на 3:0 во 51 минута зголеми Сеад Колашинац, во 62 минута убаво погоди Димитри Пајет. Тулуз успеа да намали на 1:4 во 66 минута преку пеналот што го реализираше Бранко ван ден Бомен, но во самата завршница следеа уште два погодока за Марсеј. Ченгиз Ундер во 80 минута реализираше најстрога казна, а Нуњо Таварез две минути подоцна ги постигна конечните 6:1.

Со оваа победа Марсеј се искачи на третото место со 33 бодови, четири помалку од вториот Ланс, а на врвот е ПСЖ со 44 бодови. Тулиз остана на 13-то место со 16 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.

Во средбата меѓу Ница и Ланс немаше погодоци, па Ленс ја задржа втората позиција, а Ница е деветта со 21 бод.

Ремс на домашен терен со 3:1 го совлада Рен. Стрелци за домашните беа Фоларен Балагуен во 6 и во 84 и Алексис Флипс во 22 минута, додека за гостите погоди Артур Теате во првата минута од судиското продолжение на првиот дел.

Рен по поразот падна на четвртото место на табелата со 31 бод, два помалку од Марсеј. Ремс, пак, се искачи на десеттото место со 20 бодови.

Во првиот меч во четвртокот Монпелје како гостин славеше со 2:0 кај Лориен, а стрелци беа Тежи Теди Савание веќе во 2 минута и Елие Вахи во 22 минута.

Лориен е моментално седми со 28 бодови, а Монпелје ги искористи киксевите на конкурентите од долниот дел на табелата и сега со 17 водови дојде на 12-то место.