Марсеј го доби дербито кај Монако

214

Во дерби натпреварот на четвртото коло од француското фудбалско првенство фудбалерите на Олимпик Марсеј славеа на гости кај Монако со 3:2 со гол во судиското продолжение.

Марсеј поведе во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Митроглу, но Монако набрзо направи пресврт и веќе во 48 минута преку Тиелманс израмни а потоа во 53 минута и поведе со голот на Фалкао. Гостите израмнија во 74 минута со голот на Тувен, а Жермен неколку мига пред последниот свиреж на судијата ги однесе трите бода во Марсеј.

Фудбалерите на Рен пред своите навивачи претходно во неделата го совлада Бордо со 2:0. Раното водство и победата го донесоа Андре во 12 и Бенсебени во 16 минута.

Во попладневниот термин Сен Етјен и Амиен одиграа без голови.

Во саботата беа постигнати следните резултати: Ним – ПСЖ 2:4, Анжерс – Лил 1:0, Дижон – Каен 0:2, Гинган – Тулуз 1:2, Ремс – Монпелје 0:1 и Стразбур – Нант 2:3, а во петокот Лион – Ница 0:1.

Шампионот Пари Сен Жермен е осамен на врвот со максимални 12 бодови, а го следат изненадувањето Дижон кој ова коло го забележа првиот пораз по трите победи во серија и Тулуз со по девет бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.