Марсеј се „сопна“, ПСЖ ја освојува и Бастија

Премиерниот натпревар од 28. коло во француската Прва лига, дуелот на „Велодром“ помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Ница, заврши со минимален триумф на гостинот од 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 66 минута беше дело на Валентин Еисерик.

Актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на ПСЖ денеска има обврска да забележи триумф на незгодното гостување во Бастија, а предводникот на „светците“ Лорен Блан откри дека нема да тактизира со почетниот состав иако неговиот тим веќе во среда го игра реванш 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампиони.

Претпоследниот тим на табелата, Сошо, не би требало да биде некоја посериозна пречка за фудбалерите на Монако.

Денеска на програмата: Бастија – ПСЖ, Генгамп – Евијан, Нант – Ајачио, Монако – Сошо, Тулуз – Римс, Валенсиен – Рен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.