Марсело зборувал со раководството за напуштање на кралскиот клуб

Еден од играчите на Реал Мадрид, Марсело, ги разгледал можностите за разделба со клубот во текот на летото, пишува „Кадена Копе“. Левиот дефанзивец остварил средба во понеделникот вечерта со шефот на клубот, Хозе Антонио Санчез.

Бразилецот е вознемирен од фактот дека сѐ повеќе има периферна улога во плановите на менторот Сантијаго Солари. Тој посакал да му биде дозволено да го напушти клубот ако ситуацијата не се промени до крајот на сезоната.

Јужноамериканецот е обврзан со клубот од Мадрид до 30 јуни 2022 година. Со сите претходни тренери на кралскиот клуб тој беше во прв план, но за време на оваа сезона тој честопати се мачеше со повреди, како и со прекумерна тежина, што сериозно влијаеше на неговите настапи.

За Марсело има интерес во Јувентус, каде што игра неговиот голем пријател, Кристијано Роналдо. Португалецот лобира кај раководството на старата дама за да го купат Бразилецот, така што многу е веројатен трансферот во летниот период.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.