Маршовски концерт попладнево во центарот на Скопје

По повод државниот празник Денот на независноста, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден/маршовски концерт во центарот на Скопје.

Маршовскиот концерт ќе се одржи денеска со почеток од18 часот.

Маршрутата на движење ќе се одвива од Музеј на Град СКопје кон плоштад Македонија, по улица Македонија.

Градски дувачки оркестар им го честита Денот на независноста на сите граѓани.