Времето денеска е сончево со мала облачност, а од попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Како што најавуваат од УХМР, утре ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, што во некои места ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег.
Во недела ќе се задржи променливо облачно и ќе биде постудено преку денот со услови за слаб дожд во југозападните делови.
Дневните температури од понеделник благо ќе се покачуваат, а утринските ќе се задржат во интервал од најчесто неколку степени под нулата во повеќето места, па се до 3 до 4 степени степени на југоистокот.