Мартич: Немам алиби за поразот, загубивме од подобар противник

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Зоран Мартич беше разочаран по поразот од Раднички, но не побара алиби за тоа што не триумфираа на домашен терен кога беше најпотребно.
„Сакавме да го добиеме овој меч, како поради шестото место, така и за нашите навивачи, за амбиентот што го создадоа во салата. Раднички играше растоварено, овој тим има 12 одлични шутеви, а ние не можевме да сметаме на нашите високи играчи, како поради повреди, така и поради казни. На момент ни падна концентрацијата и го разигравме противникот. Не барам алиби, ние изгубивме од противник подобар : би ни бил од голема помош во скокот, но не тренираше цела седмица, примаше антибиотици и инфузии, а не знам дали ќе игра и против Работнички“, изјави Мартич.