Мартинез: Ќе покажеме дека не сме само за полуфинале

Белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави дека неговите момчиња направиле неверојатен успех во полуфиналето на Мундијалот откако го победија Бразил со 2:1.

Неверојатно, неверојатно е срцето на моите играчи! Направивме нешто посебно, се надевам дека сите во Белгија се горди, многу горди на тоа. Направивме нешто што ќе се памти долго време, но сега ни е потребна енергија за следниот натпревар. Сакаме да покажеме дека не сме доволно добри само за полуфиналето, рече шпанецот на клупата на Белгија.

„Црвените ѓаволи“ тактички целосно го надиграа „Селесао“ во првото полувреме кога постигнаа два гола предност.

Бразил има многу оружје во неговата игра, секогаш има начин да ве отвори. Не е лесно да се игра против нив. Секогаш во потсвеста ги гледате познатите жолти  дресови, петте светски титули, треба храброст да се верува во победа против нив … Мора да се биде храбар и да се фокусира само на тактичките идеи. Моите играчи го направија тоа, ги ставија на страна индивидуалните партии … Ова е нивна победа. Во ниту еден момент не се сомневав дека ќе потклекнат, рече Мартинез.