Мартино нема што да каже за магионичарот Меси

Видоно возбуден и среќен поради триумфот на најтешкото гостување кога е во прашање Примера дивизион, тренерот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино по натпреварот јавно го пофали “магионичарот”, Лионел Меси, а позитивна оценка му даде и на бразилскиот интернационалец Неимар.

“Нема потреба од некаков коментар околу играта на Лионел Меси. Тоа ќе биде само фалење. Денеска сруши уште еден рекорд. Се надевам дека ја доби и топката со која беше одигран овој натпревар. Неимар е многу млад фудбалер, но одлично изреагира при таа ситуација, убаво му го пресече патот на Рамос кој потоа мораше да направи прекршок за пенал. Повторно сме во игра за шампионската титула, но беше само уште еден натпревар помеѓу големите ривали”, изјави предводникот на Барселона.