Мартино убеден дека Барса е најмалку посакуваниот противник за Сити

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино е убеден дека и челниците и фудбалерите на Манчестер Сити не се среќни поради фактот дека за противник во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони, го добија актуелниот шампион на Шпанија.

“Во игра беа шест противници, но ние го добивме Манчестер Сити. Барса има обврска да игра против секој противник, но убеден сум дека никој во Манчестер Сити не е задоволен од денешната ждрепка, убеден сум дека нема таков кој ја посака Барселона за противник. Станува збор за многу добар противник, со многу добри фудбалери, но Барса сака да победи и на “Итихат”. Најважно од се е да бидеме во добра форма пред гостувањето во Манчестер”, изјави Мартино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.