Масакр на дрвјата во Ѓорче Петров

1570

Висока топола денеска е исечена во скопската населба Ѓорче Петров, по налог на Град Скопје.
Настанот предизвика револт кај граѓаните поради сечата на дрвја во градот кои изминатиот период неконтролирано се случува, и тоа во услови на енормна загаденост на воздухот.

Од Градот информираат дека сепак станува збор за старо и маркирано дрво кое било непходно да се отстрани.

Неодамна беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улицата, а од Градот потенцираа дека трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет. Сечењето на дрвја не беше најавено.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.