Две лица се убиени, а две се повредени во пукотници во Горица (Груде), Босна и Херцеговина, соопштија од полицијата.
На селска прослава, 50-годишен маж земал калашников и почнал да пука кон голем број луѓе кои биле пред кафеаната.
Босанските медиуми објавија дека бил застрелан Велимир Бушиќ, познат претприемач и газда на познат локал.
Причина за инцидентот е караница во локалот, а повеќе детали не се откриваат во моментов.
ФОТО: N1