18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Масакр во Џориџија-САД, убиени 8 лица во салони за масажа во Атланта

Најмалку осум лица се убиени во три одделни на салони за масажа во Атланта и блискиот град, соопштиле официјалните власти. Засега нема официјхална потврда дека трите настани се поврзани.

Првиот вооружен инцидент во кој се убиени 4 лица, а две ранети со случил во вторникот попладне во салон за масажа на 50 километри од Атланта, изјавил началникот на полицијата на округот Черокеј, пренесе СНН.

Неколку часа потоа во уште два вооружени инциденти се убиени уште четири лица во два салони за масажа во Атланта, соопшти полицијата од градот.

Четирите жртви во вториот и третиот напад се жени, навосно со азиско потекло.

Полицијата од Черокеј преку социјалните медиуми побара помош од граѓаните , кој може и има да објави видео од нападите извршени од вооружен маж во црн автомобил.

Засега осимничен за сите три вооружени напади е 21 годишниот Роберт Арон Лонг, кој веќе е уапсен при обид за бегство на 240 километри од Атланта, пренесе „Атланта Журнал Конститушен“.

Постои голема веројатност истиот напаѓач да е вмешан во сите три напади на салони за масажа во Атланта, во кои се убиени 8 лица, изјавил за АФП началникот на полицијата во главниот град на државата Џорџија.