Машиновозачите најавуваат целосна блокада на железничкиот сообраќај

За околу 30 проценти повисока основна плата бараат машиновозачите, во спротивно најавуваат блокирање на железничкиот сообраќај. Велат дека  нивната основица  без додатоците на платата  е за околу 100 евра пониска од државниот просек. Ако ова барање на им биде исполнето ќе бидат принудени целосно да го запрат железничкиот сообраќај.

Бараат и подобрување на условите за работа. Тврдат дека за време на пандемија обемот на нивната работа е зголемен особено кај товарнио сообраќај.

Ова не е прв пат машиновозачоите  да најавуваат  прекин на железницата.  На почетокот на годинава тие целосно ја бојкотираа  работата кога бараа додатокот на квалитете да се покачи за 10 проценти односно да се врати на нивотот од 2007 година. Во моментов МЖ Транспорт има 72 машиновозачи од кои околу 60 тина активно возат.