Машиновозачите продолжуваат со штрајкот и чекаат абер за платите

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

– Сообраќајот се уште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим – изјави денеска за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија- Транспорт“.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.