Масимилијано Алегри, е подготвен да го преземе Тотенхем

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, е подготвен да го преземе Тотенхем доколку биде отпуштен Маурисио Почетино, тврдат англиските медиуми.

Под водство на Почетино, Тотенхем не успеа да ја започне новата сезона според планот. Во шест кола од англиската Премиер лига, лондончани освоија само 8 бода. Покрај тоа, тие испаднаа од англискиот Лига Куп во третото коло од екипата на Колчестер.

Самиот Почетино, според медиумите, рекол дека веќе ја разгледува опцијата за можна преселба во Реал Мадрид.