Русија синоќа изврши нов масивен напад со беспилотни летала „Шахед-136“ врз главниот град на Украина, при што загина најмалку едно лице, соопштија локалните власти. Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ова е најголемиот ваков напад со дронови врз градот досега во војната, а една од причините поради кои Русија напаѓа е и што денес Украинците го слават денот на Киев – годишнина од основањето на градот пред 1.500 години и популарен празник.
Кличко изјави дека еден човек загинал кога остатоци од дрон паднале во близина на бензинска пумпа, пренесува Би-Би-Си. Само во Киев беа соборени повеќе од 40 дронови, соопштија официјални лица. Најмалку две високи згради во различни квартови од Киев биле опожарени од парчиња од дроновите.