Маск ќе прави автомобил-подморница според урнекот од филмот за Џејмс Бонд

154

Челникот на американската компанија „Tesla“, којашто се занимава со производство на технолошки напредни автомобили, Илон Маск, изјави дека се подготвени за правење автомобил-амфибија според образецот од фолмовите за британскиот супер-шпион Џејмс Бонд, пренсува телевизијата Fox News.

Претприемачот ваквата подготвеност на компанијата ја изложил во вторникот на годишното собрание на акционерите во Маунтан-Вју.

Во одговорот на прашањето од еден од учесниците на сорбанието, дали компанијата планира да направи „воден автомобил“, Маск одговорил: „Интересно е што ме прашавте за ова… Ние навистина развиваме автомобил-подморница слична на онаа од (филмот) „Шпионот кој ме љубеше“ (од 1977 година во режија на Луис Гилберт – з.р.), во кој (авомобилот од брендот) Lotus се претвора во подморница“, рекол шефот на „Tesla“.

Во прилогот од средата на Fox News се наведува дека Илон Маск уште во 2913 година на наддавање го купил споменатиот автомобил од споменатиот филм, иако во реалност тој не може да се движи под вода.

Во 2013 година на наддавање на аукциската куќа RM Auctions во Лондон, Маск за речиси милион долари го купи автомобилот „Lotus Esprit“ кој ‘глумеше’ подморница во филмот за Џејмс Бонд. Подоцна изјави дека е разочаран поради тоа што тој автомобил сепак не може да се трансформира во подводно возило.

„Доколку малку го подобрите, можно е навистина да добиете автомобил-подморница. Технички тоа е можно“, рекол во вторникот Маск.

Но истаканал дека ваквиот вид транспортно средство може да смета само на мал удел на глобалниот пазар, но кој е „полн со ентузајазам“. Челникот на „Tesla“, исто така, признал дека развојот на такво визило ќе бара значителни напори.

„Но можеби еден ден ќе направиме модел за демонстрација, тоа ќе биде многу забавно“, заклучил Маск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.