Маск не верува во „победа на Украина“ и понуди своја визија за мир

Американскиот претприемач Илон Маск во понеделникот во објават на Twitter не верува во можна воена победа на Украина, како што тврдат повеќето западни политичари, особено доколку Русија целосно се мобилизира во војната и истовремено изнесе своја визија за постигнување мир меѓу завојуваните страни.

„Русија спроведува делумна мобилизација. Тие ќе спроведат целосна мобилизација доколку има закани по Крим“, пишува Маск.

.„Смртта на двете страни ќе биде разорувачка. Населението на Русија е трипати поголем од украинското, така што во тотална војна победа на Украина е малку веројатна. Доколку сте загрижени за народот на Украина, барајте мир“, додава Маск

Објавата, се чини, се однесува на оние политичари и воени аналитичари на Западот кои тврдат дека моменталните помали успеси на украинските сили на југоистокот од земјата значат дека е можно Украина да победи во војната со Русија.

Претходно Маск на Twitter објави анкета за условите за постигнување мир во Украина откако ја изложи својата визија за решавање на седумесечната војна која дополнително влијае врз забавувањето на глобалната економија по двете пандемиски години со најголеми стапки на инфлацијата по 40 години, како и со енергетска и прехранбена криза.

Така, Маск предлага решавање на конфликтот во Украина со повторување на референдумите во четирите региони во југоисточната област Донбас, со мнозинско руско и рускојазично население, под надзор на Обединетите нации.

„Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот“, предложи бизнисменот

„Со голема веројатност, тоа на крајот ќе биде и исходот. Единственото прашање е колку луѓе ќе изгинат пред тоа“, пишува Маск.

Еден од најбогатите луѓе на планетата наведува четири точки за постигнување „украинско-руски мир“ и ги покани корисниците на платформата да го искажат своето мислење за неговиот предлог. До рано вечерта по македонско време неговиот предлог го поддржуваа 58,7 отсто, додека против биле 41,3 отсто.

Планот на Маск вклучува одржување втор плебисцит во Донбас и другите региони под руска контрола под надзор на претставници на ОН, задржување на црноморскиот полуостров Крим како „формален дел од Русија, како што беше од 1783 година (пред грешката на Хрушчов)“, обезбедување водоснабдување на полуостровот и обезбедување неутрален статус за Украина“.

Маск ги има предвид указот на поранешниот советски челник Никита Хрушчов, етнички Украинец, со кој во 1954 година Крим од составот на тогашната советска република Русија се пренесува во составот на Украина. До распадот на СССР, Крим имаше статус на автономен регион кој беше укинат во 1990-те со осамостојувањето на Украина. По превратот во Киев во 2014-та, мнозинското руско население на Крим со два референдума со мнозинство од над 93 отсто, прво ја врати автономијата а потоа изгласа присоединување како ентитет во Руската Федерација.

Украина и Западот тоа, исто како и во случајот со референдумите во Донбас тоа го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Твитот на Маск набрза стана вирален, а предизвика критички и вулгарни реакции. Така, украинскиот дипломат Андриј Мелник одговори „Е.. се, е мојот многу дипломатски одговор до тебе @elonmusk“. Украинскиот претседател Владимир Зеленски, пак, твитна анкета на неговата прашувајќи ги корисниците дали повеќе им се допаѓа „прорускиот“ или „проукраинскиот“ Маск.

Маск е основачот и сопственик на вселенската компанија „SpaceX“ и на производителот на електрични автомобили „Tesla“, а ја купи и социјалната мрежа за микроблогирање Twitter. Во февруари кога Украина имаше проблеми со интернетот по почетокот на руската воена интервенција, Маск одговори на твитот на украински владин функционери кој бараше помош. Тогаш Маск порача дека стателитскиот широкопојасен сервис „Starlink“ на „SpaceX“ е достапна во Украина и дека компанијата ќе испрати дополнителни терминали.

Руската страна искажуваше сомневање дека споменатата сателитска мрежа му обезбедува на Киев и податоци во реално време за движењето на нејзините сили, заедно со неколку стотици воено-разузнавачки и комерцијални американски сателити.