Маск објави фотографии на најновиот „Model 3“

Основачот и извршен директор на компанијата „Tesla“, Илон Маск ги сподели со јавноста првите фотографии од електричниот автомобил „Model 3“ кој според најавата во петокот на 7 јуни требаше да излезе од производство.

model 3 tesla 01

Илон Маска на Twitter ги објави фотографиите на автомобилот пред фабриката во Калифорнија со текстот „Првиот произведен Model 3“.

Овој модел автомобил со едноставната ознака „Model 3“ на производителот „Tesla“ е првиот кој е наменет за масовниот пазар, а првите 30 сопственици клучевите ќе ги добијат на 28 јули. Овој модел, според најавите, е планиран да биде произведен за околу 400.000 купувачи во светот.

Автомобилот со четири врати од овој датум ќе биде достапен на пазарот, со основна цена од 35.000 долари, двојно поевтино отколку што во моментов чини најевтиниот модел на „Tesla“.

Цената на акцијата на компанијата двојно скокна во периодот од крајот на декември 2016 година и крајот на јуни годинава, откако инвеститорите ја поддржаа стратегијата на Маск за преминување од производство на луксузни електрични автомобили на возила за масовниот пазар. Меѓутоа, подоцна повторно падна.

Бројот на регистрираните автомобили во американската сојузна држава Калифорнија, која е најголемиот пазар на „Tesla“, падна во април годинава за 24 отсто во однос на истиот месец минатата 2016 година.

Компанијата објави дека во првата половина од 2017 година испорачала 47.000 возила, што де долната граница од предвидените од 47.000 до 50.000 автомобили. Во последната фискална година компанијата остварила загуба од 889 милиони долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.