Маск продолжува да инвестира во Тексас

Компанијата за летови и истражувања на Вселената „SpaceX“ гради нова фабрика во Тексас за својата сателитска широкопојасна услува „Stalink“, објави компанијата чиј сопственик милијарерот Илин Маск продолжува да вложува во оваа јужна американска сојузна држава.

Маск, кој води неколку футуристички компании, меѓу кои се „Tesla Inc“, „Neuralink“ и „Boring Co3, во декември се пресели во Тексас од Калифорнија, за да се насочи на новата постројка на произведувачот на електрични автомобили „Tesla“ и за својот потфат „SpaceX“.

Претходно во вторникот Маск на Twitter го објави „создавањето на градот Старбејс во Тексас“, без дополнителни појаснувања.

Проектот „Starlink“ предвидува мрежа од десетина илјади сателити во ниската орбита на Земјата кој би пружале брз интернет на глобално ниво.

Извршниот директор на „Tesla“ претходно изјави дека „Starlink“, чие седиште моментално е во Редмонд во Вашингтон, ќе биде клучниот извор на финансирање на пошироките планови, како што е развојот на ракетата „Starship“ за летови на Месечината и на крајот обид за колонизација на Марс.