Маск се повлекува од местото претседател на управата на Tesla

Илон Макс, основач и извршен директор на произведувачот на електрични автомобили „Tesla Motors“, ќе отстапи од местото претседател на управата по спогодбата со американските регулатори, но останува извршен директор на компанијата, пренесуват агенциите.

Според спогодбата, Илон Маск ќе остане извршен директор, но во следните три години нема да биде претседател на управниот одбор, а тој и компанијата „Tesla Motors“ ќе платат 20 милиони долари казна. На Маск му е даден рок од 45 дена да отстапи од местото претседател на управата.

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) го обвини во четвртокот извршниот директор на „Tesla Motors“ за измама поради низата лажни и измамнички објави на социјалните мрежи и побара да биде остранет од раководството на овој производител на електрични автомобили.

Тужбата од SEC, поднесена пред федералниот суд во њујоршки Менхетен, следеше само два месеца отккао Маск преку Twitter порача дека размислува за повлекување на акциите на „Tesla“ од берзата и дека тоа е за компанијата „најдобар пат за напредок“. Изјави и дека и инвеститорите го поддржуваат тој план, дека финансирањето е осигуранот и дека на акционерите ќе им биде понудено 420 долари по акција, за петтина повеќе од тогашната цена.

Според тужбата од SEC, Маск знаел дека тие неговите твитови се лажни и залажувачки, имајќи предвид дека никогаш за таква ттрансакција не разговарал со ниту еден од можните финансиери.

Со оваа тужба Илон Макс стана еден од директорите од највисок профил во технолошката индустрија кого SEC го обвинува за измама во врска со хартиите од вредност.

Маск во четвртокот порача дека не сторил ништо лошо. „Овој неоправдан потег од SEC длабоко ме натажи и разочара. Секогаш работев во интерес на вистината, транспарентноста и инвеститорите. Интегритетот е најважната вредност во мојот живот и фактите ќе покажат дека тоа никогаш на ниеден начин не сум го компромитирал“, проача Маск во соопштение.

SEC во тужбата бара Маск да биде остранет од челната позиција во компанијата и да му се забрани да биде директор во која и да е друга компанија чиишто акции се излистани на берзата. Но според спогодбата, Маск ќе може да остане извршен директор на „Tesla“, но во иднина своите пораки преки Twitter ќе мора да ги усогласи со комуникациските процедури на компанијата.

Најавата дека Маск размислува за повлекување на акциите на „Tesla“ од берзата веќе претходно резултираше со тужба од неколку инвеститори кои поради тоа загубија милиони долари. Имено, по најавите на Маск, цената на акцијата на „Tesla“ тој ден скокна за 11 отсто, на речиси 380 долари. Иако следните денови цената на акцијата падна, некои вложувачи кои и претходно „играле“ на пад на цените на акциите на „Tesla“, го обвинија Маск за залажување на пазарите. Тврдат дека Маск, зборувајќи за цената на акциите во делистирањето од 420 долари, не одредил точно од каде би дошле парите за таа транскација и дека поради неговите најави загубиле милиони долари. Меѓу другото, ги обвинија Маск и „Tesla“ дека ги прекршиле сојузните закони за хартиите од вредност и вештачки ги надувале цените на акцијата на компанијата. Но по веста за тужбата од SEC, цената на акцијата на „Tesla“ во петокот осто падна.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.