Маск се закани со селење на седиштето на „Tesla“ од Калифорнија

Американскиот милијардер Илон Маск, првиот човек на фабриката за производство на електрични автомобили „Tesla“, изјави дека ќе го пресели седиштето на компанијата од сојузната дражава Калифорнија, откако му е соопштено дека и натаму мора фабриката да ја држи затворена.

„Tesla веднаш ќе го пресели своето седиште и идните проекти во Невада“, објави на Twitter Илон Маск. Компанијата ќе вложи жалба против округот Аламида, додаде.

Здравствените служби на споменатиот округ имено одбија да ѝ дозволат на фабриката да биде отворена во петокот, наведувајќи ги како причина карантинските мерки.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, сојузната држава Калифорнија има 2.632 починати од коронавирусот.

Од 23-ти март сите освен „базичните операции“ се суспендирани во фабриката Фремонт во близина на Сан Франциско. Фабриката вработува повеќе од 10.000 работници и произведува околу 415.000 возила на годишно ниво.

Властите на Калифорнија ги олеснија некои од рестрикциите во оваа сојузна држава претходно седмицава, и дозволија да започнат деловните активности. Но некои окрузи донесоа свои критериуми според кои стопанството ќе може повторно да работи. Во Аламида речиси сите стопански субјекти мора да остана затворени до крајот на мај.

Макс навести дека иднината на фабриката може да биде доведена во прашање.

Тој и претходно предозвикуваше контроверзии поради противењето на рестриктивните мерки и промоцијата на непотврдени третмани за коронавирусот. На почетокот од март, милијардерот рече дека „паниката околу короната е глупава“, а подоцна донираше стотици респиратпори на болниците во Њујорк.