Маск вели дека во Иран се активни речиси 100 сателити Starlink

Американскиот претприемач Илон Маск, челник на компаниите „Twitter“, „Tesla“ и „SpaceX“, во понеделникот тврдеше дека неговата компанија за вселенски операции сега има речиси 100 активни сателити за пружање интернет услуги Starlink во Иран, три месеца откако на социјалната мрежа објави дека ќе ги активира во оваа земја среде бранот масовни протести.

„Се приближуваме до бројката од 100 активни Starlink во Иран“, објави Маск на Twitter во понеделникот.

Милијардерот во септември порача дека сателитите ќе ги активира во Иран во рамките на настојувањата на САД на Иранците да им се „зголеми слободата на интернетот и слободниот проток на информации“.

Широкопојасниот интернет, кој го овозможуваат сателитите Starlink, според овие замисли би требало да им помогне на противниците на Техеран да го заобиколат ограничувањата на пристапот до интернетот и одредени социјални мрежи во напорите да ги соборат властите во шиитската муслиманска република во која главниот збор го имаа клерот.

Протестите ширум Иран избија кон средината на септември по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини во притворот на моралната полиција поради непридржување до правилото за покривање на главата. Либералните активисти тврдат дека починала од добиениот ќотек во притворот, а властите тврдат дека починала поради влошување на здравјето поради претходно болести.

Протестите, кои подоцна ја зафатија целата земја, се проценуваат на западот како најголемите по 1979 година, во кои има околу 200 загинати припадници на безбедносните сили и над 500 демонстранти. Техеран за нивно поттикнување и организирање ги обвинуваат западните разузнавачки агенции и веќе осуди на смрт неколку лица обвинети дека работеле за странски служби.

Исто така, во ноември тешко вооружен сунитски напаѓач го нападна познатото шиитско светилиште Шах Чераг во јужен Иран, непосредно пред вечерната молитва, убивајќи 15 аџии, меѓу кои една жена и две деца, и рани уште најмалку 40 други.