Маскирани разбојници ограбиле филијала на „Шпаркасе Банка“ сред бел ден

Маскирани разбојници сред бел ден ограбиле филијала на „Шпаркасе Банка“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 14.45 часот разбојнци ја ограбиле  филијалата на „Шпаркасе Банка“ на улицата Ѓорче Петров во Скопје.

Двајцата маскирани разбојници со закана со пиштол од вработените одземале 38.500 денари.

Скопската полиција работи на откривање на сторителите кои избегале во непознат правец.