Маските за заштита од коронавирус 300 денари, владата не реагира

И додека во Македонија е регистриран првиот случај на корона вирус, наместо достапност на неопходниот материјал заштитните маски достигнаа цена до 300 денари.
Ако најевтините маски беа околу 50 денари, а оние кои нудат поголема заштита околу 150, сега достигнаа цена од околу 300 денари.
Дополнително е проблем што граѓаните се жалат дека не можат да дојдат до маски. Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека ги има сите непотребн материјали.

Поради слична состојба, италијанските власти соопштија во вторникот дека отвориле истрага за остриот скок на цените на заштитните маски и гелови за дезинфекција на рацете по појавата на новиот тип коронавирус на северот од земјата.

„Одлучивме да покренеме истрага по медиумските извештаи за налудничаво високите цени по коишто овие производи се продаваат на интернет последните два дена“, изјави заменичката на миланскиот државен обвинител Тицијана Сичилиано.

Многу аптеки наведуваат дека имаат недостиг од заштитни маски и гелови за дезинфекција на рацете и многу граѓани се вртат кон интернет каде што цените на овие артикли се вивнаа. Цените на маските на интернет пораснаа од еден евроцент на дури 10 евра, а шише од средство за дезинфекција од 7 евра минатата седмица се искачија на 39 евра во понеделникот.