Масовен протест поради катастрофата во Кемерово (ВИДЕО)

Илјадници луѓе протестираа во Сибирскиот град Кемерово, гневни на руските официјални лица за пожарот што го зафати трговскиот центар во кој загинаа најмалку 64 лица, од кои 41 се деца.

Претседателот Владимир Путин претходно пристигна во Кемерово и ја обвини „кривичната небрежност“ за пожарот во неделата.

Роднините велат дека десетици луѓе – вклучувајќи и деца – сѐ уште се водат за исчезнати.

Истражувачите велат дека алармот за пожар бил исклучен и излезите блокирани. Четири лица се обвинети.

Локалните жители ги обвинуваат властите за небрежност и велат дека корупцијата довела до ваква трагедија.

Еден друг уапсен осомничен – чувар од приватна фирма за обезбедување – ќе биде обвинет наскоро, објави рускиот истражен комитет.

Во среда ќе се одржи национален ден на жалост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.