Масовна акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода”

Општина Кисела Вода во петокот најави масовна акција за пошумување насловена како  „Засади со љубов, за Кисела Вода“.

„Ве покануваме да бидете дел од акцијата за пошумување на Општина Кисела Вода „Засади со љубов, за Кисела Вода”. Настанот ќе се одвива ДЕНЕС, петок, 25 ноември, со почеток во 10 часот на 6 локации. Една од нив е новиот парк Иднина (на кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода), каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе даде изјава за медиумите. Учество ќе земат и многу познати естрадни лица, претставници на дипломатскиот кор, спортисти, како и сите граѓани кои сакаат да засадат дрвца и да ја поддржат идејата за зелена Кисела Вода“, стои во нивната покана.

Од општината додаваат дека локациите на кои ќе се сади се : новиот парк “Иднина” кај кружниот тек, на трим патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на Есенинова, во парк Македонија.