Масовна тепачка во ноќен клуб под Железничка станица

Масовна тепачка се случила во раните утрински часови во ноќниот клуб „Тао“, кој што се наоѓа под Железничката станица во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во тепачката учествувале 34-годишниот Д.Ј. кој што се здобил со убодна рана, 24-годишниот В.К., три години помладиот Х.Н. и 26-годишниот А.Ѓ. сите од Скопје од една страна и 23-годишниот Б.Ш., кој се здобил со расекотина на глава од удар со шише и 28-годишниот Д.Т., двајцата од Скопје, од другата страна,.

Полицијата ги привела лицата, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.