Масовна тепачка меѓу мигранти во Германија (ВИДЕО)

Масовна тепачка меѓу мигранти во Германија
Масовна тепачка меѓу мигранти во Германија

Во германскиот град Калден изби масовна тепачка помеѓу две групи на мигранти. Тепачката во која учествувале 400 мигранти, според полициски информации избила по вербална расправија помеѓу помлади и постари лица сместени во кампот.

Би Би Си јавува дека тепачката избила по кавга во кантината меѓу Сиријци и Албанци. Се тепале со стапови и се прскале со спрејови за иритација. Тепачката траела неколку часа!

Четиринаесет лица се повредени, од кои тројца полицајци.

Во овој камп и претходно имало вербални расправии и затоа една група на мигранти со автобуси била пренесена на друго место.

Во овој камп се сместени над 1.500 бегалци од 20 земји, претежно од Сирија и Пакистан.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.