2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Масовна тепачка на над 30 мигранти во Сараево, има и повредени (ВИДЕО)

Повеќе од 30 мигранти учествуваa во тепачка пред службата за работа со странци во Босна и Херцеговина, во близина на сараевскиот аеродром, пренесуваат босанските медиуми. Порталот Радиосараево.ба. дошол до ексклузивни снимки, од кои се гледа драматичната ситуација.

„Тешко е да се опише со зборови што точно се случи. Сè беше мирно, но одеднаш настана хаос“, изјавил новинар на порталот Радиосараево.ба. oд местото на настанот.

Како што додава новинарот, има мигранти кои се жалат на полесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи во Кантонот Сараево соопштиле дека немаат информации за тепачката.