Масовна вакцинација во Москва против коронавирусот

Жителите на руската престолнина кои ќе сакаат да се вакцинираат против Covid-19 тоа ќе може да го сторат уште следниот месец, кога се очекува да биде испорачаниа првата голема пратка од вакцината, соопштија градските власти на Москва во петокот, кога во Русија беше забележан рекордно висок број на дневните короанифенции со над 18.000 случаи.

Заменичката на московскиот градоначалник Анастасија Ракова соопто дека градските власти создаваат голема мрежа од сепцијализирани простории за вакцинирањето, а 2.500 лица од високоризичните професии, во прв ред лекарите и професорите, веќе се вакцинирани, пренесуваат руските медиуми.

Околу 9.000 жители на Москва веќе ги примиле двете дози од вакцината „Спутник V“ во рамките на обемното истражувања, изјавиле од тимот за испитување за новинската агенција РИА. Вакцината се прима во две дози во интервал од 21 ден.

Засега сѐ уште не е можно масовно вакцинирање, бидејќи не се ипорачани потребните количества, рече Ракова во разговорот за јавниот телевизиски сервис, и додаде дека мисли дека тоа може да се случи веќе во ноември.

„Тогаш ќе започнеме масовно користење на вакцината за сите заинтересирани московјани“, додаде заменичката градоначалник.

Русија се соочува со предизвици за зголемување на производството на вакцината во смисла на постојните капацитети, а претседателот Владимир Путин во четвртокот рече дека има проблеми во достапноста на опремата.

Москва, како најброен и најгусто населен град во Русија очекувано редовно ги има највиските показатели од избувнувањето на епидемијата на коронавирусот. Во петокот беа забележани 5.268 нови случаи на заразата, што е пониска бројка од мајскиот рекорд, но претставува еден од најголемите пораси откако беа ублажени карантинските мерки претходно оваа година.

Ракова рече дека бројките на заразените и хоспитализираните почнале да забавуваат, давајќи има на градските власти причина за „умерен оптимизам“.

Последните седмици Русија забелажа раст на бројот на заразените. Во петокот здравствените власти известија за 18.283 новозаразени, што е најголема бројка забележана од почетокот на епидемија. Досега вкупно се регистрирани 1.599.976 заразени, со што Русија е четвртата земја во светот зад САД, Индија и Бразил.

Меѓутоа, со новите 355 смртни исходи како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 во петокот, Русија досега има 27.656 починати, што е релативно мал процент на смртни исходи во споредба со другите најпогодени земји во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.