Масовни апликации во Крим за добивање на руски пасоши

Стотици руски пасоши се издадени во Крим, пренесе агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од правните органи на полуостровот.

„Во моментов има масовно поднесување на апликации за руски пасоши. Неколку стотици патни исправи се веќе издадени“, рекол изворот.

Според него системот за издавање на документи, што беше формирана во Крим, е многу посовршен од досега важечките.

Жителите на Крим, преку референдум што се одржа на 16 март одлучија да се присоединат со Руската Федерација.