Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.