13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Масовното тестирање и карантинот за 60 проценти ја намалиле стапката на зараза во Словачка

Масовното тестирање на коронавирус успеа да ја намали стапката на инфекција во Словачка за околу 60% за една недела, велат британските експерти, како што објави Гардијан.

Сепак, овој резултат е постигнат во комбинација со строги мерки и карантин.

Словачка спроведе голем број брзи тестови, а владата бараше од работодавците да не дозволуваат луѓето да работат без потврда за доказ дека се негативни.

Позитивните лица требаше да бидат ставени во карантин заедно со нивните семејства, но целиот износ на нивната плата им бил исплатен за 10 дена изолација.

Негативниот резултат од тестот им дозволи да одат на работа, но тоа не беше критериум за посета на постарите роднини во домовите за стари лица или студентите кои се враќаа дома за празниците.

Научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина ја објавија својата анализа под наслов „”The effectiveness of population-wide, rapid antigen test based screening in reducing SARS-CoV-2 infection prevalence in Slovakia” “ на серверот како нерецензирана научна работа.

Се наведува дека во словачкиот случај станува збор за успешна комбинација. Важно е да се истакне дека ова е труд што сè уште не е рецензиран и објавен во научно списание.

„Во Словачка има релативно силни докази дека строгите мерки и масовното тестирање доведоа до многу големо намалување на бројот на инфекции“, рече вонредниот професор др. Стефан Флаше.

Масовното тестирање започна во октомври. Првиот бран на тестирање беше спроведен помеѓу 23 и 25 октомври во најтешко погодените делови на земјата, по што тестирањето се прошири во целата земја на 31 октомври и 1 ноември. Тестирањето повторно беше спроведено во најтешко погодените делови на земјата на 7 и 8 ноември.

Тестирањето открило 50.000 инфекции кај луѓе кои последователно се изолирале. „Важно е да откриеме дека најголемо влијание има карантинот на позитивните и нивното домаќинство“, рече Флаше.

Сепак, треба да се напомене дека во последните десет дена Словачка забележа ново, значително зголемување на дневните случаи. Така, вчера, седумдневниот просек на нови дневни случаи беше 1571, додека на 28 ноември, истиот просек беше само 1339 лица.

Сепак, некои експерти го критикуваат проектот за користење антигени тестови кои се многу побрзи, но исто така далеку помалку сигурни од лабораториските PCR тестови. Експертите велат дека антигените тестови се подобри за насочени програми и треба да се спроведат заедно со други мерки. Премиерот Матович рече дека владата е свесна за тоа, но смета дека ќе биде корисен и половина од успехот во откривањето на заразени лица.

Децата под 10 години не биле тестирани, а тестирањето за сите други било доброволно. Сепак, и оние кои решиле да не бидат тестирани, морале да одат во еден вид карантин, односно не им било дозволено да доаѓаат на работа две недели.

Интересно, во Словачка, кривата на новоинфицирани се зголемувала сè до 4 ноември, кога почнала драстично да паѓа. Од седумдневниот просек од 2.547 потврдени случаи на ден на 4 ноември, Словачка падна на седумдневен просек од 1.270 случаи на ден, 20 дена подоцна. Оттогаш, забележува благ пораст, што не е ни приближно на растот во октомври, така што во моментов има во просек по 1417 нови случаи на ден.

“За една недела – навистина, за една недела – тие го запреа експоненцијалниот раст на вирусот на ниво на земјата, до степен што инциденцата се преполови. Две недели подоцна, тој падна уште повеќе. Тие сега ќе направат трет масовен тест оваа недела. Мислам дека тоа е најдобриот доказ што го имаме, во моментот, дека ова може да функционира “, им прокоментира на медиумите професорот по епидемиологија Мајкл Мина од институтот за јавно здравје на Харвард.