„Мастербет- Скопје“ започнува донаторска акција во Струга, веќе се донирани едукативни помагала за 6 основни училишта

„Мастербет ДООЕЛ Скопје“, во чии рамки е „Астра“, започнува донаторска акција за училиштата во Струга. Во првата фаза донирани едукативни помагала за 6 основни училишта.

„Водејќи се од своите заложби за општествена одговорност, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки е приредувачот на игри на среќа „Астра“, денес со своја донација даде придонес за подобрување на условите за спроведување на наставните програми во основните училишта во Општина Струга.
Донацијата, која што се состои од спортски реквизити, едукативни помагала и наставни средства, претставници на „Мастербет“ им ја предадоа на претседателот на Советот на општина Струга, претставници на кабинетот на градоначалникот и директорите на основните училишта за кои се наменети донираните средства.
„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Се надеваме дека опремата и наставните помагала кои што денеска им ги предадовме на претставниците на општина Струга ќе придонесеме за подобрување на условите во училиштата во Струга, на наставниците ќе им бидат од помош при спроведување на наставната програма, а на учениците ќе им го олеснат процесот на учење“, вели Бојан Коцевски од „Мастербет“.

Донираната опрема е наменета за основните училишта „Орхан Џемаили“, „Гоце Делчев“ село Јабланица, „Зини Хани“ во село Велешта, „Св. Климент Охридски“ во село Драслајца, „Ашим Агуши“ во село Радолишта, „Јосип Броз Тито“ во Струга.

Денешниот настан е почеток на поголема донаторска акција која што „Астра“ ќе ја спроведува во неколку фази во текот на оваа година, при што спортска опрема и наставни помагала ќе бидат донирани на средни, основни училишта и градинки во општина Струга.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија се дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, а вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, а вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.