„Мастербет“ со поддршка за младиот Иво Таневски, кој се натпреварува во Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Во рамки на своите општествено одговорни активности „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ и Астра казината од неодамна почнаа соработка со младиот мотоциклист Иво Таневски. Компанијата како дел од соработката обезбеди финансиска поддршка за неговото учество во трките од Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам организиран од Балканската мото унија.

„Поддршката кон заедницата, а особено кон младите и спортот е во фокусот на нашите активности како општествено одговорна компанија. Среќни сме за соработката која што ја имаме со младиот мотоциклист и задоволство ни е да бидеме неговата поддршка во неговите подвизи за време на натпреварувања во Европскиот шампионат. Се надеваме дека нашето спонзорство за него и неговиот тим ќе биде од помош за постигнување на поголеми успеси и нови победи во неговите натпреварувања“, велат од компанијата.

Младиот Таневски вели дека поддршка од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ е клучна за неговите амбиции да напредува во шампионатот и мотоциклизмот.

„Се натпреварувам во Европскиот шампионат кој што го организира Балканската мото унија (BMU European Championship). Брзински мотоциклизам е изискува премногу. Се работи преку целата година, физички подготовки, маркетинг план, тим околу себе, подготовка на моторот и помош за време на настапите. Сето ова е не може да помине без финансиски средства, што значи дека клуч на играта се моите спонзори. Моите спонзори ги чувствувам како дел од мојот тим, тоа е едно семејство во кое секој има своја задача: механичар, инженер за суспензија, фотографии, видеа, финансии итн. Без моите спонзори не би можеле да одиме напред, да ги оствариме нашите цели и успеси. Гордо ги претставувам затоа што без нивна помош не би можел да настапам на шампионатот“, вели Таневски.

Таневски предминатиот викенд ја возеше првата трка од Шампионатот во Серез, Република Грција која што ја заврши на 11-то место, додека во националниот шампионат го зазеде третото место во конкуренција од 19 возачи. Следната трка ја вози во Навак, Република Србија кон крајот мај.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија се дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, а вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.