Мата потврди дека Коста е пред преселба на Стенфорд Бриџ

Дека има вистина во сензационалната информација пласирана од англиските медиуми, дека репрезентативецот на Шпанија и најдобар фудбалер во дресот на Атлетико (М), Диего Коста успеќно ги минал задолжителниот лекарски преглед и е пред преселба во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, потврди и неговиот репрезентативен колега, Хуан Мата.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е убеден дека натурализираниот Шпанец ќе успее како фудбалер и напаѓач и во англиската Премиер лига.

„Му посакувам се најдобро во новата клупска средина. Станува збор за напаѓач на кој му одговара англискиот стил на фудбал. Му одговара таквиот стил на игра каде се користи многу сила и многу моќ. Уубеден сум дека Коста ќе успее како напаѓач и во англиската Премиер лига, но во овој момент, Коста е се уште фудбалер на Атлетико (М)”, изјави Мата.
Од продажбата на најдобриот фудбалер, раководните лица на новиот шампион на Шпанија очекуваат заработувачка од најмалку 43 мил. евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.