Мата сака веднаш да го проигра Руни

Најскапата аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед, репрезентативецот на Шпанија, Хуан Мата откри дека е многу среќен поради добиената шанса да соработува со легендарниот напаѓач на “црвените ѓаволи”, Вејн Руни.

„За мене, Руни е еден од најдобрите фудбалери и напаѓачи во англиската фудбалска историја. Невиден фудбалер, може да постигне погодок во секој момент, а не смееме да ги заборавиме и неговите асистенции. Ќе пробам да воспоставам вистинска конекција со Руни, сакам постојано да соработуваме. Јас имам задача да најдам дупка во дефанзивната линија на противникот. Ако се најдам во таква ситуација, тогаш многу полесно ќе го пронајдам нашиот напаѓач, полесно ќе му асистирам”, изјави одличниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.