Матарела сака брз договор за формирање на новата влада на Италија

ANSA/ ETTORE FERRARI

Италијанскиот претседател Серџо Матарела сака политичките партии во следните неколку дена да постигнат договор за формирање нова коалициска влада, доколку сакаат да ги избегнат предвремените парламентарни избори, односно излгедната победа на десната партија Лига, рекол за медиумите во четвртокот извор близок на претседателска палата Квиринали.

Претседателот Серџо Матарела ги започна консултации за да види дали моќе да се формира нова влада откако премиерот Џузепе Конте во вторникот поднесе оставка и се распадна владејачката коалиција.

Матарела во четвртокот попладнето ќе се сретне со делегиции на левичарската Демократска партија (PD) и антиестаблишмент Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ) кои би моќеле да формираат нова владина коалиција. Претседателот сака во четвртокот да види јасни знаци за можност да се псотигне договор меѓу овие две партии и следната седмица напредок во процесот на формирање влада, рекол соговорник на агенцијата Reuters

Конте ја предводеше владата на коалицијата на Движењето пет ѕвезди и Лига, која е предводена од министерот за внатрешни рабори и вицепремиер Мате Салвини кој кон почетокот на август ја прогласи коалицијата за нефункционална. Салвини по победата во мај на изборите за Европскиот парламент и континуираниот раст на рејтингот на неговата партија се залага за распишување предвремени избори по кои би ги добил мандатот за формирањње влада.

Финансиските пазари пораснаа по оставката на Конте во надеж дека ќе се избегнат предвремените избори и М5Ѕ и DP ќе формираат влада која нема да се конфронтира со Брисел околу фискалните и монетарни политики на Италија. Поедини инвеститори стравуваат дека Салвини, кога би успеал да ги искористи изборите за формирање влада предводена од Лига, би можел да ја забрза потрошуивачката и да предизвија судир на веќе задолжената земја со Европската унија. Цените на акциите на италијанскиот пазар пораснаа, а приносите на државните обврзници продолжија да паѓаат по веста во четвтокот сабајлето дека претседателот сака да го забраз процесот на формирање влада.