Матео Ренци положи заклетва како нов премиер на Италија

120

Лидерот на италијанската Демократска партија, Матео Ренци положи заклетва како нов премиер на Италија.

Ренци, досегашен градоначалник од Фиренца, со 39 години е најмлад италијански премиер и најмлад премиер во Европската унија.

По премиерот, во претседателската палата во Рим, заклетва положија 16 нови министри. Во новата влада пола од министерствата ќе ги водат жени.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано оваа недела му повери на Ренци мандат за составување на нова влада, бидејќи претходниот премиер Енрико Лета поднесе оставка минатата недела.

Лета поднесе оставка бидејќи изостана довербата од неговата Демократска партија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.