Матиќ може да заврши во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ќе се бори со Милан за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.

Српскиот играч од средниот ред има статус на резерва по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“ и ќе бара нов тим во јануарскиот преоден рок. Договорот на Матиќ со Јунајтед истекува на крајот на сезоната, но се чини дека „црвените ѓаволи“ имаат тенденција да го пуштат фудбалерот да замине во зима.

Немања Матиќ се согласи на трансфер во Милан, но сега изгледа дека Атлетико Мадрид ќе биде вклучен и во борбата за потпишување на играчот од средниот ред. „Јорганџиите“ бараат дефанзивен играч од средниот ред и 31-годишниот играч се вклопува во барањата на шпанскиот тим. Бонус за Атлетико Мадрид е фактот дека Матиќ игра во Лигата на Европа и затоа халфот ќе биде достапен за натпреварите во Лигата на шампионите на Атлетико.

Диего Симеоне е во потрага по замена на полудефанзивецот Родри, кој си замина во насока Сити во текот на летото, а во моментов располага само со Томас Партеи и Маркос Љоренте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.