Матица ќе подари колекција од двесте книги на Лешочкиот манастир

Книгоиздателството „Матица македонска“ ќе подари двесте книги на библиотеката при Духовно- културниот центар во Лешочкиот манастир. Во колекцијата на книги застапени се дела од современите македонски писатели: Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Божин Павловски, Радован Павловски, Милан Ѓурчинов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Раде Силјан,Веле Смилевски, Славе Ѓорго Димовски, Владимир Костов,Трајче Кацаров,Јован Павловски, Јован Дамјановски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Игор Крајчев и др.

Во рамките на свечениот чин, на осми (среда) октомври 2014 година во 18 часот во манастирскиот камплекс ќе биде промоворан новиот роман „Мирисот на лагата“ од современиот македонски писател Јован Дамјановски, издание на „Панили“ од Скопје.
За делото на писателот кој живее и твори во Тетово,ќе говори поетот и литературен критичар, Раде Силјан.