Матичните лекари на протест против игнорантскиот однос на Филипче

Матичните лекари се подготуваат да излезат на протест поради игнорантскиот од страна на здравствените власти и во прв ред ресорниот министер Венко Филипле, од почетокот на епидемијата со коронавирусот.

„Протестираме поради игнорантскиот однос и никаква поддршка од прв ден на епидемијата до денеска, ниту заштитна опрема, ниту дезинфициенси, ниту денар помош. Бараме итна помош во заштитна опрема и дезинфициенси. Бараме право да упатуваме на тестирање по наша проценка.

Бараме да има член претставник од матичните лекари во Комисијата за заразни болести. Бараме стопирање на било какви “реформи” најавени за од први јули, невиден преседан среде пандемија. Исто така, протестираме поради срамните изјави дека не сме дел од јавно здравствениот систем.

Повеќе од 80 проценти од инфицираните со SARS-CoV-2 се менаџирани од матичните лекари! Секојдневната работа со која бевме натрупани и претходно е башка и е паралелна“, изјави др Ненад Лазаров, кој го најави протестот