Матичните лекари се жалат на голем притисок од пациентите, затоа што се исплашени!

Лекарите од примарното здравство имаат преголем притисок од исплашени пациенти. Како лекарска фела бараме од пациентите да ја смират целата ситуација и да се направи добра тријажа-распоредување и групирање на болните во групи според природата на болеста, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Таа порачува пациентите кои имаат сезонски настинки да седат дома и да добијат информации по телефон, а рецептите да ги земе некој член од семејството.

-Оние кои се потешки случаи мора да бидат прегледани. Сите болести не можат да се лекуваат преку телефон, туку мора да има лекарски прегледи бидејќи имаме пациенти и со мозочни удари и инфаркт, вели Чолакова Дервишова во изјава за МИА.

Апелира граѓаните кои немаат симптоми на ковид-19, да не се тестираат.

Претставници на здружението на приватни лекари деновиве оствариле средба со министерот за здравство Венко Филипче, на која барале да се реши нивните проблеми.