Матиќ за 25 мил. евра продаден на Челзи

Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, најпосле успеа во намерата, повторно да ги осигура услугите на српскиот интернационалец од редовите на португалскиот прволигаш Бенфика, Немања Матиќ.

Одличниот играч за врска пред неколку години го носеше дресот на Челзи но потоа беше дел од трансферот на бразилскиот интернационалец Давид Луиз.Репрезентативецот на Србија потврди дека веќе го одиграл последниот натпревар во дресот на Бенфика, а португалскиот клуб ќе заработи околу 25 мил. евра од продажбата на 25-годишниот играч за врска.

„Да, го одиграв последниот натпревар во дресот на Бенфика. Сакам јавно да им се заблагодарам на клупските челници и на најверните фанови. Никогаш нема да ги заборавам овие две и пол години кои ги поминав во Португалија. Го дадов максимумот на секој натпревар и сега е вистинскиот момент за промена на клупската средина. Сакам да напредувам во мојата кариера, да играм во подобра лига, да играм за Челзи”, изјави Матиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.