Матис ги потпиша одлуките за испраќање нови војници во Авганистан

Американскиот министер за одбрана Џим Матис изјави во четвртокот дека го одобрил испраќањето на дополнителни војници во Авганистан без да каже колку, но американски функционери соопштија дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил испраќање на уште 4.000 војници.

„Да, ги потпишав наредбите, но тоа уште не е готово. Со други зборови, потпишав некои наредни за единиците кои ќе одат и договараме кои точни“, изјави американскиот министер за одбрана Џим Матис.

Не сакал да каже колку војници ќе бидат испратени во Авганистан, но американските функционери изјавиле за Reuters дека претседателот Доналд Трамп одобри испраќање околу 4.000 војници.

„Тоа се виши советници, стручњаци за обука и за поддршка“, изјави Матис. Прецизираше дека новите војници уште не отишле дека за тоа ќе бидат потребни „неколку дена“.

Трамп минатата седмица најави јакнење на борбата против авганистанските талибани. Пентагон во средата призна дека околу 11.000 американски војници се распоредени во Авганистан, неколку илјади повеќе отколку претходно беше јавно изјавувано, и со тоа даде точна слика за воената присутност на САД во оваа земја првпат по многу години.

Пентагон уште од времето на претходниот претседател Барак Обама тврдеше дека има околу 8.400 американски војници во Авганистан според горната граница што ја постави поранешната администрација.

Поради многу нестабилната ситуација на владините сили на теренот соочени со сѐ посмелите напади на талибаните, Трамп се согласи да го зголеми бројот на американските војници на теренот, но на министерот Матис му ја препушти одлуката за бојот на војниците кои ќе бидат испратени како засилување.

 

Според процените на американската војска, авганистанската влада има контрола или влијание на речиси 60 отсто од 407 авганистански покраини од 20-ти февруари годинава, што е 11-процентни поени намалување во однос на истиот период минатата 2016 година, според податоците коишто ги објави специјалниот американски главен инспектор за обновата на Авганистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.