Матис се закани со „силна воена реакција“ доколку Пјонгјанг посегне по нуклеарно оружје

Американскиот министер за одбрана Џим Марис ја предупреди во саботата Северна Кореја дека се изложува на „силна воена реакција“ доколку посегне по нуклеарно оружје.

Во текот на својата седумдневна турнеја по Азија, американскиот министер за одбрана Џим Матис истакна дека Вашингтон предност ѝ дава на дипломатијата, а таква порака пренесе и на состанокот со високите воени функционери во јужнокорејската престолнина Сеул, како ден претходно на самата граница меѓу двете Кореи.

Притоа Матис го предупреди Пјонгјанг дека неговата армија не може да се мери со американско-јужнокорејскиот сојуз, како и дека дипломатијата е најделотворна „кога ја поткрепува уверлива воена сила“.

„Секој напад врз САД или нашите сојузници ќе биде поразен. А секога употреба на нуклеарно оружје ќе предизвика силен воен одговор, делотворен и надможен“, порача Матис.

Неговиот јужнокорејски колега, министерот за одбрана Сонг Јоунг-му, ја отфрли идејата за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на Корејскиот полуостров, како одговор на развивањето на нуклеарната програма на Северна Кореја. Но американско-јужнокоресјкиот сојуз е способен да одговори, дури и во случај на нуклеарен напад од страна на Северна Кореја, додаде Сонг.

Тензиите меѓу Северна Кореја и САД се зголемија по низата нуклеарни проби и лансирања на балистички проектили меѓу кои и интерконтинентални на Пјонгјанг и размена на воинствени изјави од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и младиот севернокорејски челник Ким Џонг-ун. Пјонгјанг на почетокот од септември ја изврши шестата нуклеарна проба, за којашто тврди дека бил успешен тест на хидрогенска бомба, а американското разузнавање објави дека Северна Кореја веќе за неколку месеци можеби ќе развие проектили кои може да го погодат континенталниот дел на САД, а таквото сценарио Трамп сака да го спречи.

Во петокот Цим Матис и Сонг Јоунг-му ја посетија демилитаризираната зона која ги одвојува двете Кореи и тогаш американскиот министер, исто така, рече дека САД сакаат „дипломатско решение“, Неговиот севернокорејски колега притоа рече дека „нашата цел не е војна туку целосна денуклеаризација, којашто ќе биде докажлива и неповратна, на Корејскиот полуостров“. Матис и Сонг во саботата учествуваа на билетаралниот годишен самит за одбранбените прашања.